Насловна / Арт и дизајн / Во Белград може да се види скулптура на Микеланџело

Во Белград може да се види скулптура на Микеланџело

Дали сте знаеле дека скулптура излиена врз основа на оригиналниот Мојсие на Микеланџело се наоѓа во Белград во дворот на Факултетот за ликовни уметности?
Тоа значи дека доколку му се случи нешто на „вистиснкиот“ Мојсие во Рим, делови би се правеле според неговиот верен „двојник“.

mike1
Приказната за оваа скулптура датира од триесетите години на минатиот век. Војислав Вељковиќ, тогашниот министер за трговија и финансии, инаку колекционер на уметнички предмети е најзаслужен што Мојсие на Микеланџело денес позира на Топчидерското брдо во Белград.
Вељковиќ се обратил на ватиканскиот папа кој му ветил дозвола за изливање на скулптурата под одреден услов – адекватна градба за негово чување.

veljkovica-1
Така настанал „Павилјонот Вељковиќ“, односно „Мусео Вељковиќ“, првиот приватен музеј во овој дел на Европа во кој Војислав Вељковиќ го чувал Мојсие. Скулптурата подоцна е преселена на Топчидер, каде што била работилницата на познатиот вајар Тома Росандиќ, основачот на Ликовната академија во Белград, која денес прераснала во вајарски отсек на академијата.

Испрати коментар

Scroll To Top