Насловна / Вести / Во Белград е отворен 16-тиот Меѓународен саем за енергетика

Во Белград е отворен 16-тиот Меѓународен саем за енергетика

На Белградскиот саем вчера е отворен 16-тиот Меѓународен саем за енергетика. До 25-ти ноември, посетителите на саемот ќе имаат можност да се сретнат со регионалните корпорации, компании и претпријатија од секторот електрична енергија, нафта и гас, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и рударство. Овогодишниот саем ги става во фокусот обновливите извори на енергија и унапредувањето на енергетската ефикасност. Посебно е важно што тоа е единствена прилика да се претстават и да се поврзат инвеститорите, производителите на опрема, надлежните државни институции, финансиските институции и други.

saem1

saem2

Во исто време и на истиот простор, под заедничкото име „Моќ на природата“ се одржува и 17-тиот Меѓународен саем за заштита на животната средина и природните ресурси  – EcoFair , посветен на системот и механизмите за заштита на животната средина, со посебен акцент на зелената економија, индустријата за рециклирање, обновливите извори на енергија и управувањето со отпадот. Исто така, и Меѓународниот саем за превенција и реагирање во вонредни ситуации и безбедност и здравје на работа  –  112 Expo, со своето 42-ро по ред издание ќе ја збогати понудата на Белградскиот саем во овие денови.

saem3

Испрати коментар

Scroll To Top