Во азербејџанскиот дел на Касписко море, на оддалеченост од 120 километри од брегот, пронајдено е нафтено поле со резерви од 60 милиони тони. Во соопштението на азербејџанската државна нафтена компанија SOCAR наведено е дека во заедничката студија со норвешката компанија Equinor, пронајдено е наоѓалиште на нафта, и дека со ова нафтено поле заеднички ќе стопанисуваат двете компании. Локалитетот под името Karabagh се проценува дека има резерви од околу 60 милиони тони. На споменатата локација вршени биле истражувања и во 1997 година, но не резултирале со успех.