Насловна / Вести / Во австрискиот Институт за технологија развиваат батерија без литиум

Во австрискиот Институт за технологија развиваат батерија без литиум

Австрискиот Институт за технологија (AIT) во Виена, добил од ЕУ голем истражувачки проект за производство на батерии од рециклирани материјали кои не содржат „проблематични“ суровини како литиум, никел и кобалт. На овој проект работат 35 стручњаци.

1_74

За новата батерија ќе се преработуваат стари акумулатори, кои во моментот се рециклираат само 40%, а ќе се експериментира и со алтернативни суровини. Предвиденото времетраење на проектот е три години. Според оценката на стручњаците, станува збор за отворен и ветувачки пат кон „зелена батерија“. ЕУ го финансира проектот со еден милион евра.

1_75

Испрати коментар

Scroll To Top