Насловна / Вести / Во авионите на „Ербас“ кабини за спиење

Во авионите на „Ербас“ кабини за спиење

Во иднина патниците кои летаат со авионите на „Ербас“ ќе можат за време на летот да отидат во долниот дел на авионот и да си легнат.
„Ербас“ работи во партнерство со „Zodiac Aerospace“ за развивање и промовирање на модули каде патниците ќе можат да спијат. Новите патнички модули ќе бидат заменливи со редовни карго контејнери, ако е потребно. Системот за полнење товар и товарот на авионот воопшто нема да влијаат на овие модули, бидејќи тие ќе бидат поставени директно на товарот.

10
Магацините прво ќе се преуредуваат од 2020 година во авионот А-330 соопштија двете компании.

16
Идејата за посебно осмислени делови за спиење минатиот месец предложил извршниот директор на Qantas airways, Алан Џојс.
Планот на „Ербас“ е да се овозможи магацинскиот простор брзо да се адаптира, така што ќе се внесат кревети, но само кога летовите се долги, а после тоа, за кратко време, просторот повторно ќе се врати на првобитната намена.

17

Испрати коментар

Scroll To Top