Фактот дека дизајнерското наследството може да биде неисцрпен извор на инспирација и квалитативен модел за во иднина го потврдува се поголемиот број истражувачко – креативни проекти кои тргнуваат од (ре)валоризација на сега веќе историски и широко препознатливи примери од сферата на дизајнот во нашиот регион.
Па така, белградскиот графички дизајнер, фотограф и уличен уметник Огњен Ранковиќ (oran.design), неодамна започна проект наречен Yugo.Logo, кој има за цел да ги архивира логотиповите создадени на просторот на поранешна Југославија, претежно од 1950-тите наваму, иако некои примери датираат и од претходниот период.
Инспирацијата за ова работа настанала од долгогодишниот фотографски интерес на авторот за напуштените индустриски згради на чии фасади и понатаму во педини случаи, стојат препознатливите логотипови кои и денес имаат свое место во колективната свест како примарни графички показатели на сега воглавном пропаднатите фабрики.
Почетна точка на проектот Yugo.Logo лежи во фактот дека повеќето од овие графички симболи, создадени пред повеќе од половина век, се сметаат за исклучително квалитетни решенија и според современите стандарди. Нивното влијание на денешниот дизајн, но и на воспоставувањето колективни естетски критериуми, во никој случај не е занемарливо, што темата на целото истражување – иако навидум архаично – ја прави мошне актуелна.
Со оглед на тоа што со проектот, освен што графички се репродуцираат и реинтерпретираат самите логотипови, воедно се собираат и други информации, Yugo.Logo претставува и важна база на податоци. Така, секој пример е дополнет со информации за годината на основање на фабриката за која е дизајнирано конкретното лого, нејзината локација, како и авторот на графичкото решение.
Проектот Yugo.Logo во моментов можете да го следите на Инстраграм, но во план е и изработка на веб-страна, како и печатење на пратечки публикации. Во секој случај, документирање и изработка на вакво складирање на графички знаци и идејни решенија – од кои многу се уште се присутни не само во сеќавањата, туку и во јавниот простор, на зградите или на анбалажите на разни производи – е важен чекор напред во чување на „реликвиите“ на регионалниот дизајн.