Насловна / Арт и дизајн / Во Археолошкиот музеј отворена изложбата „Сребрена Тракија“

Во Археолошкиот музеј отворена изложбата „Сребрена Тракија“

Вчера во Археолошкиот музеј во Скопје се отвори изложбата „Сребрена Тракија“ и истата е прво целосно претставување на тракиската култура во нашата држава. Изложбата „Сребрена Тракија“ е воспоставената соработка меѓу Македонија и Бугарија, за зачувувањето на културното наследство кое истовремено е и заедничка европска вредност.

14_4H5A0773

Изложбата е резултат на соработката меѓу македонскиот Археолошки музеј и Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките во Софија. Во рамки на оваа соработка, минатиот месец во Софија беше отворена и изложбата „105 години Требеништа“.

12_4H5A0781

Изложбата „Северна Тракија“ е поддржана од Министерството за култура на Македонија и од Министерството за култура на Бугарија, а покрај ексклузивните археолошки предмети од Националниот археолошки институт со музеј при БАН – Софија, содржи и наоди од 17 историски и регионални музеи во Бугарија.

16_4H5A0766

Според министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, ваквите изложби се дел од европски вредности кои претпочитаат реално запознавање и читање на фактите од минатото, како и соочување со фактот дека историјата не се буди по потреба, туку се учи за да не разбуди.

13_4H5A0778

Министерот за култура на Бугарија, Крастју Крастев во своето обраќањето посочи дека е уверен дека со поставените експонати се претставува минатото, а за во иднината останува сплотување меѓу народите за претставување на нивната култура и се надева на продлабочување на ваквите соработки.

Фото: КИРО ПОПОВ

15_4H5A0771 17_4H5A0762 18_4H5A0759 19_4H5A0755 11_4H5A0785 21_4H5A0745 22_4H5A0742 23_4H5A0740

Испрати коментар

Scroll To Top