Од 22 до 25 април на Загребскиот велесајам во Хрватска ќе бидат одржани саемите за енергетска ефикасност: „Интерклима“, „Енергетика“ и „Зелена градба“.
Во рамките на овие три саемски манифестации ќе бидат претставени нови технологии и системи од областа на греењето, вентилацијата, обновливите извори на енергија, енергетиката, одржливото градење и одржливиот развој. Исто така ќе стане збор за третирањето на водата за пиење, управувањето со енергијата, енергетски ефикасните материјали и технологии.
Покровители на овие манифестации се Министерството за градежништво и просторно планирање на Хрватска, Градската канцеларија за енергетика, животна средина и одржлив развој на Загреб и Фондот за заштита на животната средина и енергетската ефикасност.
Инаку, саемот „Интерклима“ се одржува 23-ти пат по ред, саемот „Енергетика“ по трет пат, додека саемот „Зелена градба“ е прва манифестација од овој вид.