Насловна / Вести / Во април издадени 259 одобренија за градење

Во април издадени 259 одобренија за градење

Gradiliste

Во Македонија во април годинава се издадени 259 одобренија за градење, што е за 13,6 проценти повеќе во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.585.751.000 денари што е за 18,8 проценти повеќе во однос на април  минатата година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 159 (61,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 50 (19,3 проценти) нискоградба и 50 (19,3 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 259 објекти, на 154 (59,5 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 105 (40,5 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 919 станови со вкупна корисна површина од 70.571 метар квадратен.

 

Испрати коментар

Scroll To Top