Во април годинава се издадени 210 одобренија за градење, а вредноста на објектите според издадените одобренија изнесува 2.507.469 илјади денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на издадени одобренија за градење бележи раст од 2,4 отсто, а вредноста е пониска за 80 отсто. Намалената предвидена вредност се должи на фактот што во претходниот период беа издадени одобренија за градење на останатите делници од новите два капитални проекти за автопати.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 127 (60,5%) се наменети за објекти од високоградба, 42 (20,0%) за објекти од нискоградба и 41 (19,5%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 210 објекти, на 115 (54,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 95 објекти (45,2%) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 412 станови, со вкупна корисна површина од 30.939 метри квадратни.