Насловна / Архитектура / Во Амстердам се гради самоодржлива станбена четврт

Во Амстердам се гради самоодржлива станбена четврт

Во предградие на Амстердам се гради нова станбена четврт, во која жителите ќе произведуваат своја храна и енергија и самите ќе го рециклираат отпадот.

Тоа ќе биде првата ReGen населба, односно саморегенирачка четврт која ќе биде дизајнирана самоодржлива во целост.самоодрзлив амстердам (1)

Новата технологија која е креација на американски и дански експерти, ќе овозможи производството на храна во поголеми количини од една просечна фарма, но со многу помала ресурси. Покрај тоа, целиот отпад ќе бидат рециклиран во рамките на заедницата, а самите жители ќе произведуваат енергија со комбинирање на геотермалните ресурси, сончевата енергија, ветерот и биомасата.самоодрзлив амстердам (2)

Оваа прва ReGen заедница која се гради во светот ќе има стотина домови, а ќе се наоѓа на само дваесет минути со воз од Амстердам. Автори веќе планираат слични проекти во Шведска, Норвешка, Данска и Германија и ќе се обидат да се изградат што повеќе самоодржливи населби низ целиот свет со цел да се креира глобална самоодржлива заедница.

 

Испрати коментар

Scroll To Top