Со цел да се обезбедат дополнителни места за паркирање во прилично зафатениот кварт De Pijp во Амстердам, градските власти го одобриле проектот за изградба на гаражи под постојниот канал. Ова е прв пат во Амстердам еден таков објект да се гради под вода и со тоа се најде во фокусот на стручната јавност, бидејќи се работи за навистина е импресивен градежен потфат.
Конструкциските греди, како и сите вентилациски канали, кабли и други инсталации се скриени од погледот, за корисникот да се чувствува удобно под каналот што му поминува над главата.
Паркинг гаражата Albert Cuyp, чиј проект е потпишан од ZJA, планиран е да смести 600 возила и 60 велосипеди. Со неговата изградба ќе бидат отстранети 300 паркиралишта на улично ниво, со што ќе се отвори простор за пешаци, паркови и други јавни површини. Проектот е направено така што вентилациските канали, излезите во случај на вонредни состојби и сета останата инфраструктура на подземната гаража, кои се појавуваат надземно, максимално се интегрираат во новите јавни простори без да ги нарушуваат визуелно или функционално.
Гаражата е правоаголна и многу едноставна. Темните агли се избегнати со поставување на транспарентни ѕидови во скалите.
Изградбата на каналот ќе чини 35 милиони евра, додека цената за паркирање ќе биде иста како и на улица. Изведувачот на работите е Max Bögl, а подземната гаража треба да биде отворена во 2018 година.