Насловна / Арт и дизајн / Во Амстердам ред за Вермер

Во Амстердам ред за Вермер

Иако големата изложба на Јоханес Вермер во музејот Рајкс во Амстердам ќе биде отворена за десетина дена, веќе однапред се продадени 100 илјади билети, соопштија од оваа институција. Поради огромниот интерес, во четврток, петок и сабота работното време се продолжува до 22 часот. Од прес-службата на музејот, исто така, соопштуваат дека музејот Рајкс досега немал толкава побарувачка за билети.

w4

За оние кои нема да можат до 4. јуни, до кога треба да трае изложбата, лично да му се восхитуваат на мајсторот на уметноста од 17 век, обезбедено е дигитално искуство и бесплатно онлајн водење на англиски и холандски, низ професионалната работа и личниот живот на уметникот. Користејќи ја најновата достапна технологија, за прв пат посетителите ќе можат да ги зумираат најситните честички од пигмент со остри детали преку фотографии со ултра висока резолуција на некои слики на Вермер.

w1

Ова интерактивно искуство ќе понуди ретка можност да се споредат повторливите мотиви на платната на Вермер: бисери, жолти јакни, завеси, мапи, употреба на ултрамарин… итн. Направени се фотографии со ултра висока резолуција, така што неколку од сликите на Вермер сега можат да се видат со резолуција од пет микрони. Користена е истата технологија што му овозможи на Рајкс музејот во 2022 година да ја сними досега најдеталната фотографија на прочуената слика на Рембрант „Ноќната стража“.

ww

Онлајн посетителите сега можат да ги зумираат сликите на Вермер и да ги видат дури и најситните честички од пигмент со ултра остри детали.

Јоханес Вермер (1632–1675) живеел и работел во Делфт. Уметникот е познат во светот по неговите интровертни прикази на мирни домашни сцени, неспоредливата јасност и колоритот на неговата светлина и убедлива употреба на илузионизмот. Вермер (за разлика од Рембрант, на пример) оставил зад себе само мал дел од своето наследство – познати се само 37 дела на уметникот.

w3

За прв пат во својата историја, Рајкс музејот организира изложба на Јоханес Вермер со 28 слики собрани од целиот свет, што е, како што е соопштено, најголема изложба на делата на Вермер досега одржана.

w2

Испрати коментар

Scroll To Top