Во Алжир е отворена клиника за зависници од Фејсбук.
Приватната установа е отворена во источниот град Константин и нуди програми специјално наменети за корисниците на социјалните мрежи, но причината оди подлабоко – целта е да се спречи „перењето мозок“ на ранливите корисници кои можат да стапат во контакт со екстремистичките исламистички групи.

Утврдено е дека во таа земја има 10 милиони Фејсбук корисници, а бројот расте за 10% годишно. Директорот на клиниката, научникот Роуф Бокафа изјавил дека се плаши дека некои корисници на социјалните мрежи се таргетирани од страна на исламисти кои Фејсбук го користат како средство за регрутирање.