Американската компанија LNG Excelerate Energy и мултинационалната ExxonMobil потпишаа Меморандум за разбирање со албанското Министерство за инфраструктура и енергетика, заради изработка на Студија за развој на проектот за течен природен гас (ТПГ) во пристаништето Валона во јужниот дел на земјата. Во согласност со овој Меморандум, студијата ќе ја изработи Excelerate, а со цел да се истражи потенцијалот на решението за интегриран систем за ТПГ, кој вклучува терминал за увоз, проширување на постоечката термоцентрала Валона и воспоставување на систем за пренос и дистрибуција на природниот гас во Албанија и околината. Се очекува, извештајот да биде доставен во последниот квартал од годинава, а стартот на проектот би можел да биде веќе во 2023 година.