Праксата во населбата Аеродром покажува многу возила паркирани несоодветно, покажува узурпирање и уништување на јавен простор и се тоа се толерира, не се казнува… Општината апелира да се почитуваат сообраќајните закони. Состојбата не е случајна, резултат е на издавање одобренија за градење за објекти кои не ги исполнуваат стандардите за паркинг места пропишани со Правилник за урбанистичко планирње, а и купувачите на станови не се обврзани со закон да купат паркинг место во објектот во кој купиле и стан. Па така се препуштени на снаоѓање кое подразбира паркирање на тротоар, зелена површина, див паркинг во кал, паркинг наменет за соседна зграда, поточно на сите оние места каде може да се протнат со возило. Општина Аеродром апелира да се внимава со паркирањето, но прашањето е и дали има доволен број паркинг места за соодветн број возила.
Општина Аеродром апелира – внимавајте каде ги паркирате вашите возила‼
– Општина Аеродром апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните закони и правила и да не паркираат на места што не се наменети за тоа, како што се плочници, тревници и други јавни површини.
– Со ваквото несовесно однесување првенствено се загрозува движењето на пешаците, велосипедистите и другите учесници во сообраќајот. Исто така, се нанесува материјална штета на јавните површини, а се уништува и зеленилото и се прави штета врз животната средина.
– Иако Општината ги зголеми инспекциските контроли на терен, сепак, нашите служби немаат ингеренции да казнуваат, туку само да изрекуваат опомени.
– Во таа насока би сакале да ве информираме дека Општина Аеродром поднесе барање до Министерството за внатрешни работи да обезбеди зачестени контроли од страна на полицијата со цел да се превенира ваквото однесување, а во крајна линија и да се казнуваат несовесните возачи кои своите автомобили ги паркираат на несоодветни места.
– Безбедноста на граѓаните, чистотата на јавните простори и грижата за зелените површини остануваат наш врвен приоритет.