Кои автомобили имаа најмногу пехови оваа година? Популарниот „Германец“ е убедливо прв по бројот на несреќи.
Социјалните мрежи се преплавени со видео снимки од возачи на БМВ кои јурат низ улиците, „летаат“ во кривини, не користат трепкачи и слично. Затоа и не е чудно што возилата од оваа марка учествувале во најмногу сообраќајни несреќи во 2024 година. Процентуално, во дури 66,7 отсто од случаите, покажуваат статистиките на компанијата КарВертикал.
На второ место по бројот на сообраќајни несреќи на патиштата се возилата „Хјундаи“ (62,1 отсто), додека на третото место се автомобилите Субару (59,5 отсто). Четвртото место на оваа неславна листа им припадна на возилата од марката Порше (55,9 отсто), чии сопственици веројатно не можеа да одолеат на забрзувањето на нивниот автомобил, а на петтото место се најде Мицубиши (55,7 отсто).
Овие марки на автомобили најмалку учествувале во сообраќајни несреќи
На другиот крај од спектарот се возилата со малку поскромна зафатнина на моторот и коњски сили: автомобилите на Алфа Ромео беа вклучени во сообраќајни несреќи во 2024 година во само 28,4 отсто од случаите. Ова е многу подобар резултат од, на пример, лани, кога оваа бројка беше 30,6 отсто. Резултатот е секако за пофалба.
Помеѓу возилата кои годинава најмалку учествувале во сообраќајни несреќи се Фиат (30,6 отсто), Ленд Ровер (со резултат 34,8) и Пежо (37,8 отсто). Рено успеа да влезе во категоријата на најмалку „проблематични“ возила на патиштата, кој учествувал во 38,4 отсто од сите сообраќајни несреќи. Не е лошо, но секогаш може да биде подобро.