Насловна / Вести / Во 2023 година, за 50% зголемен бројот на електрични автомобили – објавена ранг листа на најголемите производители и најпродаваните модели

Во 2023 година, за 50% зголемен бројот на електрични автомобили – објавена ранг листа на најголемите производители и најпродаваните модели

Бројот на електрични автомобили и plug-in хибриди, на крајот на минатата година во светот достигнал 42 милиони, што е раст од 50% во однос на 2022 година. Ова го покажува истражувањето на германскиот Центар за истражување на соларна енергија и водород  Baden-Württemberg (Zentrum für Sonnenenergie – und Wasserstoff-Forschung Baden-Württemberg – ZSW).

Повеќе од половината од сите електрични автомобили се регистрирани во Кина, на второто место е САД со 4,8 милиони, додека третата позиција ја држи Германија. Истиот распоред е задржан и во однос на бројот на нови регистрации во 2023 година. Доколку Европа се анализира како единствен пазар, тогаш во 2023 година таа го зазема второто место со 2,5 милиони нови регистрации, зад Кина, а пред САД.  Лидер во однос на уделот на електрични возила во вкупниот број нови возила и натаму е Норвешка, каде четири од пет нови возила се на електричен погон. Најуспешен светски приоизводител на електрични автомобили е кинескиот BYD, на второто место е Tesla,  а на третото VW. На листата на најпродавани модели води Tesla, а следуваат кинеските Hongguang Mini EV на кинеската компанија SAIC.

Испрати коментар

Scroll To Top