Насловна / Вести / Во 2022 година, Русија извезла на запад нуклеарно гориво и опрема во вредност од 2,2 милијарди евра

Во 2022 година, Русија извезла на запад нуклеарно гориво и опрема во вредност од 2,2 милијарди евра

Земјите на G7 (САД, Јапонија, Канада, Велика Британија, Франција, Германија и Италија), формираа сојуз со кој имаат намера да се оттргнат од зависноста од руското нуклеарно гориво. Имено, Русија и натаму извезува значаен дел од нуклеарната технологија и ураниум и во земјите од НАТО. Ригорозните санкции кои G7 и ЕУ ги наметнаа на Русија,  со причина не се однесуваа на нуклеарното гориво од кое зависи западното производство на електрична енергија, аа се извезува и опрема, како на пример реактори од типот VVER, кои ги има стотина ширум светот.

uran1

Според податоците на Хармонизираниот трговски систем „Код 284420“, во САД и Франција во 2022 година се извезени нешто помалку од 1,2 милијарди американски долари вреден збогатен ураниум кој се користи за производство на нуклеарно гориво. Покрај тоа, извезени се повеќе од една милијарда долари во нуклеарна технологија (горива, компоненти за одржување на реакторите и ураниумова руда). Точните бројки веројатно се уште повизоки, бидејќи според податоците од руската царина, извозот на збогатен ураниум воопшто не се споменува, па можно е да се води под некои тајни трговски шифри, кои покриваат стратешки стоки. Нејасно е исто така колку ураниум се експлоатира во Казахстан од страна на руски компании, и колку Русија заработува од извозот на таа руда на запад.

uran3

Во 2022 година, Франција увезла збогатен ураниум од Русија во вредност од 377,5 милиони долари, во однос на околу 109,2 милиони долари во 2021. Американските податоци за увозот покажуваат дека САД во 2022 година увезле руски материјали во вредност од 829,8 милиони долари,  како и дополнителни 70 милиони долари во јануари 2023 година. Увозот во 2021 година изнесувал 645,5 милиони долари. Јужна Кореја во 2022 година увезла руска стока во вредност од 184,4 милиони долари, што е пад во однос на 251,7 милиони долари во претходната година. Трговските податоци на кинеската влада покажуваат увоз на руска стока во вредност од 492,6 милиони долари во 2022 година.

uran2

Некои стратешки залихи на збогатен ураниум постојат во САД и ЕУ, но тие резерви се ограничени. Исто така, има простор за зголемување на постоечките капацитети за збогатување. Но, стручњаците се согласуваат дека дополнителните западни капацитети за збогатување мора да бидат вклучени со цел во целост да се заменат руските испораки. Проширувањето на капацитетите за збогатување на ураниум ќе траат најмалку неколку години. Тоа ќе бара и сериозни ресурси.

 

Испрати коментар

Scroll To Top