Насловна / Вести / Во 2022 година, Јапонија ќе го добие својот прв електричен танкер

Во 2022 година, Јапонија ќе го добие својот прв електричен танкер

Следната година Јапонија ќе го добие својот прв електричен танкер, а големата батерија ќе биде испорачана од страна на компанијата Corvus Energy. „Како и Норвешка, Јапонија е поморска држава со јасен пат кон зелената иднина. Владата веќе го најави амбициозниот план за ослободување од јаглеродните емисии до 2050 година, а тоа ќе бара значајни иницијативи за декарбонизација во водечката светска бродска индустрија“ изјавил директорот на Corvus Energy.

Компанијата Kawasaki Heavy Industries (KHI) ќе го произведе погонскиот систем за танкерот, и ќе ја интегрира батеријата за напојување на бродот. Благодарение на електричниот погон ќе се намалат бучавата и вибрациите, а во случај на потреба бродот ќе може да ја дели својата енергија со други пловила. Corvus Energy веќе има произведено батерии за околу 400 бродови од кои една четвртина се целосно електрични. Но, батеријата наменета за овој танкер ќе биде најголема досега, и еднаква на големината ан 40 батерии на Tesla Model S.
tanker1
tanker2

Испрати коментар

Scroll To Top