Кинеската влада неодамна најави дека годинава има за цел пошумување на територија еквивалентна на површината на Ирска. China Daily известува дека 2018 година ќе биде обележана како година на борба со еколошките предизвици. Владата планира да го зголеми процентот под шуми од 21,7 на 23% во текот на наредните неколку години, односно да создаде нови 6,66 милиони хектари под шума само во оваа година.
Само во последните две децении, Кина има потрошено 47 милијарди УСД за оваа намена. Амбициозните планови кои се најавуваат, се коментираат како “еколошка црвена линија“, односно како неизбежни во напорите за зачувување и одржување на шумскиот фонд. Дополнително, новите законски решенија ќе ги принудат локалните власти во многу области да се откажат од „ирационалните“ проекти во близина на шуми или пак во шумски подрачја и национални паркови.