На Земјата во 2018 година уништени се над 12 милиони хектари тропски шуми, што е еднакво на површината ан Грција, или на збирната површина на Србија и БиХ. Како што наведува Институтот за природни ресурси на светот (WRI), Од вкупната површина на уништени тропски шуми, 3,64 милиони хектари се примарни тропски шуми кои се од огромно значење за климата и биодиверзитетот. Според платформата Global Forest Watch за следење на загубата на тропските шуми со сечење, 2018 година се рангира како четврта најлоша година во историјата.