Насловна / Архитектура / Внатрешни дворови скриени зад масивна бетонска конструкција

Внатрешни дворови скриени зад масивна бетонска конструкција

Внатре во двата бетонски волумена разделени со стакло, сместени се флексибилни простори за живеење кои обезбедуваат можност за престој на отворено и засолниште од градската врева.

1_resize

Резиденцијата Timeless е дом на брачен пар од Токио, кој откако нивните деца се иселиле од куќата, посакале целосно да го трансформираат својот долгогодишен животен простор.

9_resize

Така, бирото Apollo Architects & Associates добило задача за нив двајца да проектира нов дом, кој максимално ќе ја искористи аголната позиција во мирно станбено опкружување.

4_resize

Зголемена приватност и безбедност

Имајќи го ова на ум, архитектите го засноваале својот концепт на конструирање на просторот на куќата околу скриени дворови кои внесуваат зеленило и природна светлина во внатрешниот простор.

2_resize

На овој начин, куќата воглавном е затворена кон околните улици кои ја врамуваат нејзината парцела, со што се зголемува приватноста и безбедноста на клиентите, пишува Dezeen.

Објектот со површина од 200 квадратни метри се состои од два бетонски волумена, поврзани, а воедно и одделени со стаклена лента во вид на прозорец. Бетонската фасада има суптилна текстура на површината создадена со оплата од кедар, која се користела за изливање на ѕидовите.

5_resize

6_resize

На самиот агол на парцелата каде што се спојуваат двете улици, горниот волумен е испакнат и се протега под одреден агол за да ја следи линијата на тротоарите и да го затскрие главниот влез.

Зад цврстата и затворена фасада, внатрешноста на куќата е многу поотворена и поврзана со надворешниот простор, благодарение на внатрешните дворови, каде што едниот е поставен на предната, а другиот на задната страна на парцелата.

7_resize

Сите отворени простори се врамени со застаклување за да се обезбеди што повеќе природна светлина да допре до просторите за живеење кои ги опкружуваат градини, но и да се овозможи поглед на бамбуси и друго засадено зеленило.

14_resize

Светлосен бунар на северната страна

„Главниот двор на јужната страна има бамбуси кои го привлекуваат погледот веднаш штом ќе влезете во куќата. Бидејќи дневната, работата и спалните соби се ориентирани кон овој двор, клиентите и нивното куче можат да уживаат на отворено како што сакаат“, истакнуваат архитектите.

13_resize

Второ, потесниот двор на северната страна функционира како светлосен бунар што ја води светлината во внатрешноста, а помалиот салон на првиот кат, која исто така е застаклен, благодарение на овој двор, исто така е соодветно осветлен.

На јужната страна од главниот станбен простор, горниот кат се протега преку застаклената фасада за да ја заштити внатрешноста од директна сончева светлина.

17_resize

Според зборовите на архитектите, проектот на куќата одговара на промените во начинот на  живот на клиентите по пандемијата на коронавирусот.

Тие објаснуваат дека во пост-ковид ерата, клиентите на куќи се сè помалку се заинтересирани за простории со јасни функции или воопшто за куќи кои се обични „колекции“ на поединечни соби.

Затоа куќата Timeless има за цел да обезбеди флексибилни простори кои пружаат различни атмосфери, кои станарите можат да ги користат на различни начини во текот на денот.

12_resize

11_resize

Патување внатре во сопствената куќа

„Семејствата сакаат домови каде што ќе можат да поминуваат квалитетно време, каде што според желба ќе можат да бидат сами и да бидат и во близок контакт, додека лежерно преминуваат помеѓу внатрешниот и надворешниот простор, речиси како да патуваат внатре во сопствената куќа“, велат архитектите.

„Веруваме дека ваков вид слободно опкружување е она што клиентите ќе го бараат во станбената архитектура во годините што доаѓаат“, додаваат од токиското биро Apollo Architects & Associates.

10_resize

19_resize

20_resize

21_resize 3_resize

Испрати коментар

Scroll To Top