Големи, шарени букви испишани со спреј, се најдоа во внатрешноста на приватниот авион Airbus Corporate Jets, благодарение на соработката со светски познатиот сликар и уметник на графити Cyril Kongo…
Mr. Colorful го употребил својот прочуен стил за да ја креира кабината на авионот ACJ TwoTwenty, која е окарактеризирана како специјално издание. Благодарение на талентираниот француски уметник, познатиот деловен авион сега изгледа како современа уметничка галерија на небо, создавајќи величествена атмосфера, која особено ќе влијае на луѓето кои често патуваат од едниот до другиот крај на светот. Најимпресивниот дел од авионот е неговиот голем труп, кој е веќе великодушно простран, односно двапати поширок од другите деловни авиони.
Со допирот на Конг, стана атрактивен и гостопримлив. Трпезариската кабина може да се пофали со уметнички елементи со сиви нијанси, како што е метафората дека животот може да биде здодевен, се додека не го промените сами. Делот за јадење е создаден така што во него можете да уживате со семејството и пријателите, односно со максимум осум луѓе. Просторот на авионот е поделен помеѓу шест ВИП простори за до деветнаесет патници. Приватните апартмани добија иста дизајнерска тема, каде неутралните бои ги сочинуваат кабините, а кцентирани се со ненадејни детали во интензивни бои, преку внимателно избрани текстури и материјали.
ACJ TwoTwenty има интерконтинентален транзициски опсег од околу 5.650 наутички милји, односно повеќе од 12 часа лет. Како што вели Airbu во изјавата: „Целата кабина е замислена од дизајнерскиот тим на ACJ за да обезбеди комфор, поврзаност и функционалност во еден простор, додека допирот на Cyril Kongo внесува ново ниво на емоции во нејзината внатрешност. Специјално издание на кабината е уредено да им овозможи на патниците да се релаксираат или да уживаат во вечерата со пријателите, восхитувајќи се на светот од висина или на убавината на боите што ги опкружуваат“.