По предлог на АД за производство на електрична енергија, „Електрани на Македонија“, во државна сопственост, Скопје, на владина седница беше разгледана информацијата за текот и активностите за проектите ХЕ „Чебрен“ и ХЕ „Галиште“.
Владата на Република Македонија ги задолжи Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, и Министерството за економија да формираат меѓуресорска комисија со претставници од повеќе министерства и државни претпријатија, која ќе подготви препораки за понатамошни активности за продолжување на проектот.
На седницата била разгледана и усвоена програмата за изменување на годишната инвестициона програма на хидросистемот „Злетовица“ и ребалансот на финансовиот план, а исто така разгледувале информација и донела заклучоци за кадровската екипираност на инспекциските служби, со план за нивно доекипирање.