Насловна / Арт и дизајн / Владимир Георгиевски: Сите линии се една линија-тоа е онаа на чудото наречено Живот

Владимир Георгиевски: Сите линии се една линија-тоа е онаа на чудото наречено Живот

Како зборуваше нашиот професор Владимир Георгиевски за цртежот.

ввв

Се црта со срцето, а не со раката и моливот. Линијата тргнува од утробата на земјата, минува низ душата на живописецот и се упатува кон Бога.

*

Цртежот е автономна уметност. Тоа што може да се нацрта, не може да се наслика.

Pastel, 54 x 81 cm, 2004

Дон Кихот се бори против ветерници

*

И Природата црта: по каменот, по земјата и небото, по шумите и планините, по птиците и ѕверовите, по лицето човеково, укажувајќи постојано на тајната на постоењето.

*

И црната линија има боја ако мине низ крвотокот на живописецот.

в2

Во сеќавање на Гауди

*

Цртежот е брат на музиката. Секоја линија е еден звук, еден глас, една нота. Ете зошто тој се раѓа во апсолутна тишина, еднаква по својата длабочина на вистинската музика.

*

Кога цртам, осознавам, откривам, пронаоѓам. Тоа е радост пред времето што било, што е и што доаѓа.

в3

Цеќиња и чевли

*

Низ цртежот се испишува поезијата на нашето око, на нашата рака, на нашето срце. Темелот на таа поезија е нашиот ум.

*

Низ силата на искрениот цртеж трепери светлината на мајчината утроба.

Oil on canvas, 126 x 170 cm

Аврамова жртва

*

Да се нацрта, значи да се доживува елементарниот ритам во светот и човекот во него. Животот ја храни смртта, а смртта го храни животот.

*

Низ живиот цртеж се открива темната волја на раѓањето и смртта!

в5

Распетие

*

Сите линии се една линија: тоа е онаа на чудото наречено Живот.

*

Низ цртежот патува Битието на живописецот. Овде станува збор за постојани откритија што создаваат единствен и неповторлив јазик на најдлабокото човеково изразување.

авт

Автопортрет

*Текстот е превземен од  https://www.vladimir-georgievski.com/, а објавен прв пат во книгата „Дијалози со Владимир Георгиевски”, Надица Смилевска, Дијалог, 2006

Испрати коментар

Scroll To Top