Регулаторната комисија за енергетика има рок од седум дена да направи анализи за воведување на евтина дневна тарифа на електричната енергија во домаќинствата и кај малите деловни потрошувачи.Владата на синоќешната седница донесе препораки за изработка на анализа во која освен регулаторот ќе бидат вклучени преставници од ЕВН, од Министерство за економија и од Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев. Со оваа одлука, според Владата треба да се подобри економската состојба на граѓаните, а истовремено да се поттикне домаќинско работење во јавните претпријатија од енергетскиот сектор.