Вчера во Собранието одговарајќи на пратеничко прашање за изградбата на нов клинички центар премиерот изјави дека „Владата сè уште нема донесено одлука, и чекаме надлежните институции наредниве денови да достават уште некои информации, па ќе решиме дали новиот Клинички центар во Скопје ќе се гради на сегашната локација или пак во Бардовци или во Индустриската зона Визбегово“. Премиерот Зоран Заев, вели дека, ако се спроведе проектот кој го промовираше и претходната Влада според кој се предвидува истата локација тоа би ја чинело Македонија 85 милиони евра во којшто пакет спаѓаат и други болници, како што е штипската, како и дел од опремата во нив. Во таков случај, ќе остане проблемот со сообраќајниот хаос, кој би можел да се реши со катни гаражи. Ако Владата реши да се откаже од овој проект и да започне нов, тогаш ќе треба да плати пенали од 5.5 милиони евра бидејќи договорот веќе е потпишан. Доколку Владата се одлучи за нова локација таа би била кај Бардовци, блиску до обиколницата за да биде пристапна и за граѓаните од источниот и од западниот дел.
Првичните пресметки кои ги соопшти премиерот се дека тоа би ја чинело Македонија од 450-500 милиони евра. Во таква ситуација ќе треба да се бара и нов извор на пари, да се распишува тендери, да се подготвува проектна документација што сумирано би значело дека камен темелник на новиот клинички центар кај Бардовци би се ставил за 4-5 години.
Овој капитален проект за целата држава не смее да си дозволиме да го промашиме. Во изминатите повеќе од 15 години, континуирано се потврдува планираната локација за „Нов универзитетски клинички центар” и тоа со:
Генералниот урбанистички план (ГУП) на град Скопје 2001-2020 година,
Генералниот урбанистички план (ГУП) на град Скопје 2012-2022 година.
Урбанистички план за градска четврт „ССЗ 01″ 2013-2022 година.
Детален урбанистички план за „Нов универзитетски клинички центар – Скопје”
Планираната локација се наоѓа на територијата на Општина Карпош во Скопје, на Север од населбата Злокуќани и на Југ подолжно железничката пруга со правец Скопје – Кичево. Се ова ни укажува дека анализи и студии се одамна направени само е постребен слух и почитување на стручноста за да се дојде до квалитетно решение. Не ни треба пак паушално планирање од собраниска говорница дека се предвидуваат и две катни гаражи кои ќе го растеретеле сообраќајот. Не, нема да го растеретат, сообраќајот за да се разреши се уредува и планира, а не се решава со две катни гаражи.
Тоа што не се научивме досега од грешките кога политичари по телефон или говорница проектираат повторно ќе не чини скапо, прескапо. Поскапо и од 5.5.милиони и од оние 450-500 милиони.
Аргументи при изградба на оваков значаен комплес секако дека не се пеналите, времескиот период, експроприајацијата. За овакви значајни зафати мудра влада не носи одлука, мудра владата прашува и се советува, одлука носат планерите, урбанистите, архитектите, сообраќајците. А тие веќе одамна ја донеле. Затоа владата не треба да има дилема, владата треба само да послуша професионалци.