Насловна / Вести / Владата на Шпанија прогласи вонредна состојба во врска со климатските промени

Владата на Шпанија прогласи вонредна состојба во врска со климатските промени

Шпанската влада донесе одлука за прогласување на вонредна состојба во врска со климатските промени на национално ниво, превземајќи го првиот чекор кон воведување на амбициозни мерки во борбата против климатските промени и признавајќи дека овој проблем бара итна реакција. На тој начин земјата ја демонстрираше својата подготвеност да одговори на овој предизвик со ефикасни средства.

Во наредните 100 дена, владата би требало да му достави на парламентот предлог со законски прописи во таа област. Се очекува целите на Шпанија да бидат истоветни како и оние кои ги поставила Европската Унија, како и дека земјата тежи кон тоа во 2050 година да достигне климатска неутралност. До 2040 година, уделот на обновливите извори во производството на електрична енергија во Шпанија би требало да се искачи на 95%. Шпанците ќе се насочат и на постигнување на нулти јаглероден отпечаток во секторот земјоделство, како и на намалување на загадувањето на животната средина низ сообраќајот.

climateemergency1

climateemergency2

 

Испрати коментар

Scroll To Top