Насловна / Вести / Владата на Црна Гора дава еден милион евра на преработувачката индустрија за подобрување на енергеткста ефикасност

Владата на Црна Гора дава еден милион евра на преработувачката индустрија за подобрување на енергеткста ефикасност

Владата на Црна Гора обезбеди еден милион евра за унапредување на енергетската ефикасност во преработувачката индустрија, со употреба на современи технологии. Програмата за поттикнување на иновации во функција на енергетската ефикасност во индустријата за 2023 година, заеднички ја имплементираат надлежните министерства и Фондот за иновации на Црна Гора.

ee crna gora1

Во текот на подготовката на Програмата, анкетираните компании рекле дека би вложувале во модернизација и оптимизација на производството преку набавка ан нова енергетски ефикасна опрема, смарт технологии и машини со повеќе операции, како и инсталирање на фотонапонски системи и зајакнување на капацитетите на стручните лица од областа на управувањето со енергија.

ee crna gora2

Микро, малите и средните претпријатија од секторот на преработувачката индустрија, на овој начин ќе бидат во можност да остварат неповратна финансиска поддршка во износ од најмалку 80.000 евра, а највеќе 200.000 евра. Од добиените субвенции може да се финансираат трошоците за проектот до максимален износ од 80%.

 

Испрати коментар

Scroll To Top