Владата на седница донесе одлука да го раскине договорот за концесија на локалитетот Казандол, поради како што вели премиерот Заев, суштествена повреда на обврските кои произлегуваат од договорот.
Заев вели дека концесионерот на Казандол не изградил постројка за експлатација на катоден бакар за да процесира најмалку 50 проценти од извадената руда и поради тоа, договорот се раскинува. Концесијата ја имаше компанијата „Сардич-МЦ“, од февруари 2015 година.
„Правото на компанијата да тужи, секако постои. Ние ги разгледавме сите работи и тука нема што да се одлучува, туку да се постапува според законот“, вели Заев.
Премиерот тврди, здравјето на граѓаните било на прво место.