Насловна / Вести / Владата го продолжува рокот за легализација на дивоградбите

Владата го продолжува рокот за легализација на дивоградбите

Владата на РМ ги усвоила предлог измените на Законот за легализација со кои оние граѓани кои немаат поднесено барање за легализација на дивоградби имаат дополнителни 12 месеци, односно од 1 јануари 2018 до 31 декември 2018 година, информираше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

„Нови шест месеци рок, од 1.01 до 30.06 2018 година добиваат и оние граѓани кои имаат поднесено барања но не обезбедиле потребна документација“, рече Сугарески и додаде дека за легализација важат истите услови како и досега, односно објектот што треба да се легализира да бил изграден пред 03.03.2011 година.дивоградби

За легализирање на објектите, како што рече, неопходни се истите документи за аплицирање како и досега.

Според информациите што ги изнесе Сугарески, досега се легализирани 40 отсто од дивоградбите, односно околу 186.000 објекти.

Министерот, исто така, ги повика сите пратенички групи во Собранието да ги поддржат овие предлог измени на законот.

Испрати коментар

Scroll To Top