Насловна / Вести / Владата формираше работна група за координација на проектите за гасификација

Владата формираше работна група за координација на проектите за гасификација

На вчерашната седница, Владата на Република Македонија ја разгледа и ја усвои информацијата за реализацијата на сите проекти од примарната гасификација, како и за секундарното гасифицирање во државата.
Владата го задолжи Министерството за економија во рок од 30 дена да формира работна група составена од претставници на Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за координација на економските ресори, Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина, АД МЕР Скопје, АД ГА-МА Скопје и Заедницата на единиците на локалната самоуправа, а по потреба и претставник од Регулаторна комисија за енергетика, со цел координација и следење на процесот за реализација на сите проекти од примарната гасификација, како и за секундарното гасифицирање во државата.

гас

Испрати коментар

Scroll To Top