Насловна / Вести / Вкусот на кафето може да се промени под влијание на климатските промени

Вкусот на кафето може да се промени под влијание на климатските промени

Шолја кафе е незаменливо задоволство за многумина да го почнат денот, без разлика дали тоа е инстант, еспресо, турско или филтер кафе. Доколку сте еден од љубителите на овој пијалок, сигурно би забележале доколку се смени препознатливиот вкус или арома. Една неодамнешна обемна студија открива како климатските промени можат да влијаат на семките од кафе и на сетилно искуство на пијалокот.

kafe3

Систематски преглед на работата предводена од истражувачи од Универзитетот Тафтс и Универзитетот во Монтана е синтеза на докази од 73 различни студии кои се занимаваат со различни услови релевантни за одгледување на културно најпопуларните сорти на кафе (coffea arabica и coffea canephora). Трудот ги анализира климатските фактори кои влијаат на животната средина и развојот на растенијата, како и ефикасно управување и условите за адаптација со цел да се зачува квалитетот на семките од кафето.

Авторите истакнуваат дека квалитетот на кафето е чувствителен на промените во приливот на светлина, надморската височина, концентрацијата на јаглерод диоксид, порастот на температурата, воден стрес и достапноста на хранливи материи. При промена на некои од горенаведените фактори, се забележуваат значителни промени во метаболичката активност на растението, што има влијание врз квалитетот на плодот. За повеќе од милијарда луѓе кои пијат кафе, ова значи промена на добро познатиот вкус.

kafe

Недостигот на препознатлив вкус на пазарот би се одразил на цената на кафето и неговата достапност. Сепак, најголемиот проблем е кај одгледувачите од кои се очекува да испорачаат традиционален квалитет.

Климатските промени, предизвикани од зголемените емисии на стакленички гасови, имаат значително влијание врз развојот на земјоделските култури и активности ширум светот, што создава проблем и за земјоделците и за потрошувачите. Новите климатски норми ги диктираат условите на кои земјоделците мора да се прилагодат, поради што има постепено географско поместување во одгледувањето на културите од нивните вообичаени клими. Подлабокото научно разбирање на ваквите предизвици им овозможува на одгледувачите да се подготват за промените и да ги ублажат негативните ефекти што доаѓаат со зголемувањето на просечната глобална температура.

kafe2

Истражувачите го посочуваат агрошумарството, одгледувањето култури отпорни на климата и интегрираното управување со пестициди и ѓубрива како ефективни решенија за зачувување на квалитетот наспроти предизвикот на глобалниот раст на просечната температура. Овие стратегии даваат разумна надеж дека квалитетот може да се зачува или подобри, и им олеснува на одгледувачите да го изберат најефикасниот пристап заснован на научни факти. Тие додаваат дека за да се намалат негативните ефекти од климатските промени врз семките од кафето, неопходно е да се вклучат сите учесници „од фарма до шолја“.

kafe1

Испрати коментар

Scroll To Top