Насловна / Архитектура / Вкопан музеј со најголем зелен кров на свет

Вкопан музеј со најголем зелен кров на свет

Неодамна реновираниот центар за посетители и музеј Gateway Arch во Сент Луис, САД, доби LEED Gold сертификат. Проектот се наоѓа на влезот во истоимениот Национален парк кој се простира на преку 90 хектари од кои обновената зграда завзема 150.000 квадратни метри. Најголем дел од објектот се наоѓа под земја, а го покрива огромен зелен кров од 3.3 хектара.

01
Музејот Gateway Arch е сместен одма до истоимениот лак кој во 1965. година го поставил архитектот Еро Саринен, а кој и денес важи за најголем ѕидан споменик во тој дел на светот. На проектот за музејот заедно работеле архитектите Cooper Robertson и James Carpenter Design Associates со помош на компанијата Trivers Associates.

02
Музејот Gateway Arch е проектиран така за да го искористи просторот за паркирање максимално и на посетителите им пружи подобри погодности, а при тоа да не го тргне вниманието од иконата на Еро Саринен. Со вградување на зградата под жив кров, архитектите успеале не само да заштедат простор, туки целото внимание на набљудивачот да го насочат кон прочуениот лак.

03
Се проценува дека конечниот проект заштедува околу 24 проценти од трошоците кои се однесуваат на електрична енергија, додека вкупната потрошувачка на вода за пиење се проценува дека е намалена за 31 процент. Дождовницата се собира во резервоари каде се преработува и од тамо пренесува во системот.

1

Зграда во пријателство со природата
Зградата содржи и додатни одржливи компоненти како LED осветлување, високо ефикасни HVAC системи и одлично е поврзана со линиите на јавниот превоз.

4
Останати фактори кои придонеле за сертифицирање на проектот вклучуваат користење на рециклирани градежни материјали, а во ентериерот имплементирани се материјали со ниска емисија на јаглерод. Преку 80 проценти од произведениот градежен отпад од градилиштето Gateway Arch, пренасочен е од депониите или местата за согорување, се е искористено или рециклирано.
Сепак и покрај овие фантастични функции, проектот се нашол и на мета на критичарите поради инфраструктурата која го опкружува.

5

6

Испрати коментар

Scroll To Top