Насловна / Архитектура / Вклучување на колективноста

Вклучување на колективноста

Станбениот комплекс Лас Калас, на архитектонското студио Хавиер Прието, предвидува деведесет и осум нови домови на северозападната граница на „Јужна станбена област“ на градот Теруел, Шпанија. Сместен на парцела со правилна геометрија и  поделен во три фази со различни проектни стратегии, зградата го опфаќа централниот двор каде што се наоѓаат колективните простори на урбанизацијата.

2 4

Проектот се обидува да ги премости растојанијата преку суптилно затскривање на повторливиот растер на на празнините во станбениот комплекс, со фасада артикулирана преку издолжени еркерни испусти, кои се контрасни и се спојуваат со  фасадата кон блокот. Во зависност од ориентацијата се усвојуваат различни стратегии, обезбедувајќи и динамика на целината.

Хавиер Прието Аркитектос го дели проектот во три фази, во кои се приспособени различните типови на домување, одржувајќи ја шемата на централното јадро како одвојувачки елемент помеѓу јавните и приватните партиции.

3 5 6 9

7

12

10

Најдовме објект од осум ката, која има двособни, три и четири спални домови, како и две подрумски паркинг места и сервисни простории на приземје. Комплексот е дизајниран според хомогени стандарди на удобност и флексибилност што ги исполнуваат сите домови, без оглед на можните варијации во нивната програма. Дисперзивното нижење на функциите овозможува  просторните единици да бидат прилагодливи на секоја семејна ситуација, согласно принципот на мултифункционалност на просторите.

Обвивката на префабрикуваните бетонски панели на терасите, во југоисточна и југозападна ориентација, генерира линеарен штит кој обезбедува сончева заштита, спротивставувајќи ги цврстината на префабрикуваниот материјал и леснотијата и деликатноста на извршувањето на неговата геометрија и инсталација.

15 14 17 16

23

Почетната фаза на комплексот започнува од правилна геометрија на парцела од 30м x 30м со максимална висина од 28м, што ја поттикнува, типологијата  “L” на комплексот за да се избегне уредувањето на дворовите, овозможувајќи им за возврат на просторите кои екстензивно продолжуваат во големи тераси отвореност кон најпогодните ориентации, со поглед на пејзажот и колективните простори во внатрешноста на блоковското ткиво.

Волуменот на следните фази ја одржуваат истата геометрија „L“ и се повлекуваат од усогласувањето на парцелата следејќи ги упатствата за урбанистичко планирање на квартот. Ротираниот распоред на геометриите во ламелите 2 и 3 во однос на почетната генерира целокупен волумен кој го опфаќа централниот простор и овозможува вкрстени визуелни односи меѓу домовите со различни ориентации.

Соочувањето, во која успехот на претходната фаза не обезбедува успех во спроведувањето на следната, услови проект кој е приспособлив на побарувачката на пазарот во моментот на неговата комерцијализација, но без да ја изгуби својата суштина. За таа цел, беа воспоставени стандарди за удобност и флексибилност што треба да ги исполнуваат сите домови, без разлика дали бројот на спални соби, поотворената или затворената врска помеѓу домовите варира во во распоредот на програмските содржини.

24 25 26 27 28

Развојот ја поздравува големата семејна разновидност, размислувајќи за домови со две, три и четири спални соби и површини од 70м² до 120м. Развојот на програмската содржина по катови се состои од два паркинг подрума, приземје и 8 подигнати ката со долен покрив.

Заоблените геометрии, првично замислени како разграничување на ќелиите на волуменот, на крајот придонесува за обезбедување поголема леснотија на комплексот, дури и со масивни елементи како што се префабрикуваните бетонски панели на неговата обвивка.

Резултатот е динамичен сет на големи контрасти, по однос на конфигурацијата на волумените внатре-надвор од колективниот простор, како и во однос на цврстината на префабрикуваниот материјал, леснотијата и деликатноста при реализација  на конкретната геометрија.

32

Испрати коментар

Scroll To Top