Насловна / Арт и дизајн / Визуелните патувања на Карл Лагерфелд

Визуелните патувања на Карл Лагерфелд

lagerfeld

Карл Лагерфелд ја смета модата за најважна секундарна работа на светот. Тој сака да биде во центарот на вниманието, и секоја негова изјава ја интригира јавноста. Карл Лагерфелд е креативен директор на „Шанел“ и „Фенди“, а денес тој е еден од најважните луѓе во светот на модата. Но Monsieur Karl, не само што е светски познат креатор, туку и страстен фотограф кој често ја зема камерата во рака и снима кампањи, едиториали за разни списанија како и фотографии за приватни колекции.lagerfeld (4)

Неодамна, отворена е изложбата „Визуелни патувања“ во парискиот приватен музеј Pinacothèque која ќе трае до 20 март следната година, и го претставува германскиот визионер со адреса во Париз, како врвен фотограф кој бара инспирација во архитектура, пејзаж, Париз, портрети, мода, итн.lagerfeld (2)

Лагерфелд релативно доцна почнал да се бави со фотографија. Првата професионална фотографија ја направил во 1987 година и тоа повеќе од потреба отколку како желба. „Никогаш немаше да се занимавам со фотографија да не беше мојот пријател Eric Pfrunder, директор на фотографија во „Шанел“, кој буквално ми ја стави камерата во моите раце, бидејќи итно му биле потребни фотографии за „press kit“.lagerfeld (3)

Денес, таа фотографија е дел од мојот живот. Фотографијата го комплетира кругот меѓу моите уметнички и професионални превирања“.

Токму Pfrunder, заедно со познатиот германски издавач Gerhard Steidl е еден од кураторите на изложбата.

„Јас не создавам уметност, јас творам фотографии“, е мотото на Карл Лагерфелд.lagerfeld (8)

Лагерфелд експериментира со сите видови на технологија, од полароид и дагеротипија до т.н. fire-etching фото-техника која вклучува печатење на фотографии на стакло.lagerfeld (7) lagerfeld (6) lagerfeld (5)

На изложбата можат да се видат неговите модни фотографии, автопортрети, актови, пејзажи и од архитектурата, како што се фасадите на Њујорк.

Испрати коментар

Scroll To Top