Киевскиот дизајнер Павел Ветров дизанираше хотелска соба која визуелно ја подели на два дела користејќи само боја. Двете страни на собата дефинираат различни стилови и различни композиции. На едната страна на ѕидот доминираат боите – графики, графити и колажи, додека другата страна е чисто бела, а целиот мебел употребен на оваа страна од собата е исто така бел. Единствениот колористичен елемент на белата заднина се уметничките слики.