Насловна / Арт и дизајн / Визија за Торонто доколку природата дојде по своето

Визија за Торонто доколку природата дојде по своето

Idninata na Toronto

Тешко може да се опише со зборови широчината на фантазијата на Метју Борет. Овој уметник, замислил како би изгледал Торонто доколку во иднина природата би ја вратила својата надмоќ врз пределите трајно узурпирани од човекот. Под темата „Future Toronto“, сликите изгледаат навистина како од соништата.

Idninata na Toronto um.vizija

„Процесот на создавање на делата е многу сложен. Се работи главно дигитално, но вклучени се и техники на моделирање, сликање и фотографирање“, објаснува Борет. Како уметник, инспирацијата ја пронаоѓа во фикцијата, но и во минатото. „Отсекогаш ме привлекувал футуризмот и научната фантастика, како и далечната историја и остатоците од древните цивилизации.

Idninata na Toronto umetnicka vizija

Инспирацијата од урбаното опкружување и природата е неисцрпна. Во иднината што ја замислувам, најголем дел од индустријата не постои. Се работи само за умерена употреба на технологијата“, вели  Борет.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top