Француската фирма Vincent Callebaut Architectures предложи идејно решение кое содржи вкупно осум мултифункционални објекти на повеќе локации низ Париз. Намената на овие проекти е да се создадат самоодржливи објекти преку кои се очекува дека ќе се решат голем дел од проблемите во градот, особено проблемот со домувањето и густината на градот.
Новиот енергетски план на Париз, наречен „Smart City”, се планира значително да ги редуцира емисиите од гас до 2050 година. Со цел да се постигнат долгорочни енергетски цели, во новопроектираните висококатници се интегрирани седум енергетско продуктивни техники за да се осигура нивната константност кон одржливоста и истовремено да се охрабрат жителите на Париз да ги прифатат овие нови еколошки стандарди на живеење.
Иако секој објект поединечно има свои еколошки цели и стандарди, заедничко за сите нив е почитувањето на долгата историја на Париз, истовремено посветувајќи се на потенцијалот за креирање на поздрава иднина преку зголемување на еколошкото влијание.
Секој од објектите се вклопува во урбаната слика на градот, а нивниот дизајн е дирекно инспириран од природата. Преку рамките на ѕидовите на објектите се одвиваат природните процеси, како што се пасивно греење и ладење, оксигенација и задржување на дождовницата, кои се користат за создавање на овие самоодржливи објекти. Дополнително се додаваат зеленило и градини со цел да се влкучат и жителите на Париз во овој процес.
Со оваа идеја, се верува, градовите можат да продолжат да растат, истовремено придонесувајќи кон поздрава иднина.