Групата на шпански архитекти и инженери ги здружија силите за да се создаде ViVood – мала монтажна дрвена куќа. Развиено од страна на Daniel Mejo Pardo, ова малo енергетски- ефикаснo засолниште доаѓа во комплет со интегрирани соларни панели. Mодуларниот дом е направен од борово дрво, а може да се приспособи на различни големини, средини и потреби.
Куќата ViVood е дизајнирана и произведена во Шпанија со користење на локални материјали и работна сила. Нејзиниот технолошки напреден дизајн овозможува лесно и масовно производство, а со самото тоа и намалување на трошоците. Покривот и ѕидовите излегуваат од нејзината дрвена основа.
Како енергетски ефикасен дом, тој користи и пасивни и активни стратегии. Тој има претходно инсталирани соларни панели покрај отворот, коишто овозможуваат изобилство на природна светлина.
Суви тоалети, исто така се поставени во оваа паметна дрвена куќа, заедно со системот за складирање на вода. Благодарение на овој модуларен дизајн, куќата ViVood може да биде нарачана во различни големини, кои се движат од 12 до 32 метри квадратни.