Дизајнерското студио Boka do Lobo од Португалија креира eксклузивно парче мебел, кое според многумина, го одзема здивот. Тие својата колекција на ограничен број примероци мебел ја дополнија со уште еден додаток – витрина-бифе „Пикадили“, именуван по циркусот „Пикадили“ во Лондон.
Во оваа невообичаена, а исто време гламурозна витрина-бифе , дизајнерскиот тим успеа да го спои модерниот, традиционалниот и футуристички стил во една одлична креација.
Направен од дрво топола, „Пикадили“ е резултат на беспрекорна изработка.
Креацијата е завршена и комплетирана во различни нијанси, од темно и светло смарагдно зелена до црна и златна.
Самите дизајнери сметаат дека мебелот е исклучиво емотивно искуство, чувство на припадност и состојба на умот и дека со својот дизајниран мебел се обидуваат да пренесат чувство на ексклузивност. Дефинитивно успеале во својата намера.