Париз стана побогат за уште еден тотално chic boutique хотел. Името му е Bienvenue и се наоѓа во 9-от арондисман. Овој голем проект е потпишан од Adrien Gloaguen, а кога станува збор за дизајнот на ентериерот, главната улога ја одигра познатата француска дизајнерка Chloé Negre.
Во целото здание преовладуваат нежни пастелни бои, кои на некои места се истакнати со силни нијанси. Минимализмот е сеприсутен, но исто така има и сопствен контраст, комбинација на различни стилови, како што може да се види во лобито.
Акцент е ставен и на дизајнерски парчиња мебел што го украсуваат хотелот, а инаку се работи за мини хотел во кој, како што велат сопствениците, треба да гостинот да се чувствува како дома, бидејќи тие ја негуваат „домашната“ атмосфера.
Хотелот се наоѓа блиску до центарот на градот и стратегиски е многу добро поставен во Париз.