Ништо подобро не го доловува луксузниот начин на живот во калифорниски стил како што е вилата вредна од 14 милиони долари на брегот на Пацификот.
Вилата која има поглед што се протега на крошните на палмите и пространството на Тихиот Океан, има 740 квадратни метри и е вистински пример на уникатен луксуз на Калифорнија.
Зад проектот стојат Дарил Олесински и Мартин Линден од дизајнерското студио 0 + L, кои на најдобар можен начин ги вклопиле современите стилови врз основа на концептите за широчина, отворен простор и големи стаклени површини. Куќата се состои од шест спални соби и седум бањи, како и импресивен влезен, висок пет метри.
Ентериерот е украсен со природни материјали, а подните површина се покриени со исклучителни американски видови на орев и кедар. Со најголемата спална соба доаѓаат две купатила, посебен дел со вграден камин, вграден плакар со големи димензии и посебна тераса.
Освен петте спални соби, куќата има приватно кино со најнова технологија, винарска визба, сауна и канцеларија.
Во дворот, кој е на ниво на најлуксузните хотели, може да се ужива во базен, џакузи, скара или во елегантна седечка гарнитура поставена во просторот кој им гарантира на сопствениците и нивните гости незаборавни моменти и забава.
Квалитетот на употребените материјали и нивото на луксуз што се забележува во секој детал од куќата, според познавачите, ја оправдува цената која достигнува 14 милиони долари.