Порастот на потрошувачката односно производството на енергија (сеуште главно од фосилни горива) ги интензивира климатските промени, кои главно се манифестираат преку порастот на просечните глобални температури од година во година. Еден од примерите е рекорданата температура во Иран во минатиот месец од 53,9C o.
Техниките на ладење се повеќе добиваат на значење, а фокусот е кон откривање на поефикасни технологии за ладење. Во таа насока, и зелената платформа на ОН „Одржлива енергија за сите“ (SE4ALL) најави нова иницијатива за идентификување на предизиците и можностите за утврдување на поефикасни технологии за ладење особено за населението во топлите краишта.
Решението нема да се однесува само на процесите на климатизација, туку и ладните синџири на снабдување храна, лекови и сл. Иницијативата планира да ги собере претставниците на власта, академиите, бизнис секторот, финансискиот сектор и други, со цел сеопфатна анализа и одржливи решенија.