Многу високо ниво на загаденост на воздухот со ПМ10 и ПМ25 утрово е регистрира во Скопје, на сите мерни места, Битола и Кавадарци.
И покрај високото ниво на загаденост, институциите сеуште не реагираат. нема конкретни мерки за да се намали загадувањето на воздухот.
Експертите потенцираат дека две најголеми причини за загадување се печките во домаќинствата и издувните гасови од возилата.
Индустриските капацитети учествуваат со 20 проценти во загадувањето. Загадувањето на воздухот е меѓу првите пет причини за инвалидност и смртност на населението во македонија.
Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека на секои 10 микрограми аеро загадување со ПМ 10 и ПМ2,5 честички, за 10 проценти се зголемува смртноста кај ризичните групи.