Загаденоста на воздухот во Скопје и во Тетово утринава е голема. Според индексот на загадување, нивото на суспендирани честички PM 10 е високо во неколку скопски населби, а во Тетово е многу високо.
Податоците објавени на веб-сајтот на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека загаденоста е голема во скопските населби Центар, Карпош, Лисиче и Гази Баба, како и во Тетово.
Во текот на вчерашниот ден во сите овие места било зголемено нивото на овие честитки во просек за четири пати.