Насловна / Вести / Висок индекс на загадување утрово во Скопје, Тетово, Кичево и Битола

Висок индекс на загадување утрово во Скопје, Тетово, Кичево и Битола

Zagaduvanje-2

Загаденоста на воздухот во скопските општини Лисиче и Центар како и во Тетово, Кичево и Битола е многу висока. Мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, покажуваат присуство на ПМ10 во Тетово од 234 микрограми на метар кубен, мерната станица во Лисиче покажува 151, во Центар 113, кај Ректорат 102, во Битола 106 и во Кичево 147 микрограми на метар кубен.
Индексот на загадување во шест часот утрово е многу висок во Гази Баба и Ректорат на ПМ 10 честичките, а во Карпош на РМ 25. Над дозволеното ПМ10 се регистрирани и во Центар, Карпош, Лисиче, Миладиновци, Велес и Кавадарци.
Дозволеното присуство на ПМ 10 честичките е 35 микрограми на метар кубен.
Во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри ПM10 (5 последователни дена со среднодневни концентрации над 50 mg/m3) Министерството за животна средина и просторно планирање препорачува да се користи јавниот превоз, да не се користат возила без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, како и правилно користење на печките за дрва.
Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје препорачуваат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Испрати коментар

Scroll To Top