Џејмс Фурцер дизајнираше серија висечки засолништа за бездомници, од кои секоја вечер во Лондон има повеќе од 750, безбеден простор за спиење и засолниште од британското време. Проектот на 26 годишниот архитект, насловен „Дом за бездомниците“, ја доби првата награда на натпреварот Farko’s Space for New Visions и беше пофален за неговиот имагинативен дизајн.
Без струја, секое засолниште од иверка и челик е приврзано за постоечките објекти и во него има душек, простор за живеење и место за мал број предмети.
Фурцер, од Дагенам, Есекс, рече дека бил инспириран да ги дизајнира овие простори откако видел дека се користат челични конструкции за да ги оневозможат бездомниците да спијат на популарните места низ Лондон. Иако прифати дека неговиот концепт не значи поздравување со проблемот на бездомништвото во Британија, господинот Фурцер вели дека неговиот дизајн ќе им овозможи на бездомните индивидуалци „ноќен одмор и еден вид бегство за неколку часови.
Архитектот се надева дека неговите засолништа – каде просечниот корисник може да остане четири до осум часови – можат да бидат донирани на добротворни организации за бездомници, кои можат да ја мониторираат нивната употреба.