Еден од најпосетените плоштади и точки на мапата на Истанбул е секако плоштадот Ortaköy. Ова омилено место на сите туристи, но и на граѓаните, стана уште поинтересно, откако на него се инсталира необична мини градина.
Иако се работи за поплочена пешачка зона, влегувањето во овој сегмент не бил дозволен, па архитектите од студиото SO се нашле пред голем предизвик, но и дошле до многу атрактивно решение.
Всушност, тие се одлучиле за т.н. висечки градини односно конструкција која се состои од висечки саксии полни со растенија и цвеќиња. Освен што оваа инсталација на минувачите им нуди вистинска мала оаза во сенка, со саксиите можат и да се играат, односно да ги занишаат со што инсталацијата може да стане уште подинамична.
Ваквите јавни потфати служат како еден вид алатка за комуникација околу „моќта“ на архитектите. Кога посетителот е во можност да ја менува формата на самата инсталација, архитектот не може повеќе да ја контролира. За архитектите но и за останатите, ова е убав предизвик и искуство за поместување на границите со мали гестови.